Репрезентација
Здравковски: Чест е да се биде дел од ова семејство, Македонија секогаш има свои цели

Македонската репрезентација ги започна подготовките за првиот меч од квалификацискиот циклус за Европското првенство кое се игра во Германија.
Првата средба ја играме во Скопје против селекцијата на Малта, а секако целта е да се дојде до победа за кревање на самодовербата пред потешките предизвици кои престојат во иднина. Новајлија во националниот тим е членот на АЕЛ Лимасол, Давор Здравковски кој своевремено беше и капитен на селекцијата до 21 година.
Тој има голема желба да помогне, да се стави во функција на тимот и селекторот Благоја Милевски.
–Голема чест и задоволство е да се биде дел од ова фамилија тука. Секој фудбалер има еден сон, еден ден да биде повикан во А-репрезентацијата. Секако дека сум подготвен да се ставам во функција на тимот и на барањето на селекторот. Прв натпревар, но Македонија секогаш си има свои цели и секогаш одиме на позитивен резултат. Доколку бидеме како што треба, како што знаеме и умееме, се ќе биде позитивно, –порача Здравковски.
Средбата Македонија-Малта е закажана за 23 март со почеток од 20:45 часот.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)