Поврзете се со нас

Македонија

Вуков го објави видеото: Извртувањето на Фонтана му ја упропасти шансата за подиум!

Објавено

на

Ристо Вуков уште една се покажа во фајтерско издание на гран при викендот во Римини кој беше втор во календарот на Порше Карера Куп Италија.

Откако во првата трка имаше старт од 14 место, поради удар од Стефано Монако падна на 20 место, за на крајот да стигне до 11 место. Возачот што го удри, заврши како седми, а поради казна што ја доби трет возач, Монако доби шанса да стартува од првото место во втората трка, бидејќи правилата наложуваат „ротација“ на првата шесторка. Оваа незаслужена шанса Монако не ја искористи и поради извртување во втората трка заврши на 23 место.

Наспроти тоа, Вуков напредуваше до седмото место во средината на трката, притоа престигнувајќи го и победникот од претходниот ден, Матео Малучели. Во тој момент на патеката се изврте Андреа Фонтана, и го принуди македонскиот пилот да излезе од патеката и да вози преку земјениот појас што служи како заштина зона за излетување. Со тоа тој најпрво падна на 10 место, а потоа со оштетените пневматици едвај ја заврши трката на 12 место.

Мала е утехата дека Вуков повторно освои бодови и со вкупно 13 поени се наоѓа на 14 место во генералниот пласман, бидејќи неговото чувство е дека можел да се бори за подиум,

– Среќа огромна што вака заврши, инаку штетата за возилото ќе беше тотална. Што би рекле: „Чувал Господ“! Одличен викенд, но понекогаш треба и среќа,- напиша Вуков на својата официјална страница.

Следниот гран при викенд од Порше Карера Куп Италија ќе се вози на 16 и 17 јули на патеката Муџело.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни