Поврзете се со нас

Светски првенства

Вујовиќ со прогноза за балканските репрезентации: Можеби Македонија нема да направи сериозен резултат, но….

Објавено

на

Веселин Вујовиќ долги години беше миленик на македонската ракометна сцена и дури во три наврати го водеше Вардар, па како човек кој добро ги знае сите случувања во нашиот ракомет, даде и своја прогноза за избраниците на Кирил Лазаров на Светското првенство кое започна вчера.

Популарниот Вујо во интервјуто за „Спортски Журнал“ нагласува дека најголемо изненеадување од балканските репрезентации очекува да направи Србија, посочува Хрватска дека секогаш е најдобар репрезент од овие простори, но издвоил неколку реченици и за Македонија.

– Како по правило, на секое големо натпреварување, Хрватска ќе биде измалтретирана од повреди. Повторно им недостасуваат многу важни играчи. Но, и кога е комплетна, и кога не е, Хрватска секогаш е вистински претставник на балканскиот ракомет. Со години се заштитен знак за овој дел од Европа во ракометот.

– Се надевам деак овојпат тоа може да стане и Србија, бидејќи надалеку се слушна резултатот од Шведска. Црна Гора во Катар одигра два сериозни натпревари, Словенија победи и загуби од Унгарија, додека Македонија направи смена на генерации.

– Можеби Македонија нема да направи сериозен резултат, но на сите ќе им биде тежок противник. Македонија игра модерен ракомет, но на тие деца им е потребно време. Сигурен сум дека македонската јавност ќе го препознае тоа и ќе даде поддршка, – вели Вујовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни