Поврзете се со нас

Македонија

Вујовиќ: Ако успееме да го вратиме Карачиќ…

Објавено

на

Екипата на Вардар одлично ја започна оваа натпреварувачка сезона како на домашната така и на меѓународната сцена каде игра на високо ниво во Лигата на шампионите.

Ова секако донесе една нова енергија, самодоверба, надеж за враќање на стариот Вардар, Вардар кој освои две европски титули. Колку е реално и возможно ќе покаже времето, но во меѓувреме тренерот Веселин Вујовиќ проговори за можноста Игор Карачиќ одново да го облече дресот на „црвено-црните“.

Хрватот долгу години беше во Скопје, беше дел од сите најголеми успеси на клубот по што во 2019 година замина во Кјелце.

-Не само Игор Карачиќ, туку многу од нив. Во моментите кога се освојуваа европските титули, кога тренери беа тренери Раул и Парондо, играчите кои беа како Душебаев, Циндриќ, Криштопанс… сите би сакал да ги видам во Вардар. Меѓутоа невозможно е за нас да ги вратиме и да создадеме таква екипа. Ако успееме да го вратиме Карачиќ, тоа би било навистина неверојатно за мене како тренер, навивачите, би го кренал квалитетот на клубот. Ама тоа се уште не е реална опција, -истакна популарниот Вујо за „Бекстејџ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни