Поврзете се со нас

Формула 1

Волф за решавачкиот момент во Бахреин: Ни требаат јасни правила, а не новела на Шекспир

Објавено

на

Отворањето на новата сезона во Формула 1 донесе голема драма, па победникот се одлучуваше во последните кругови на патеката во Бахреин.

Макс Ферстапен неколку секунди ја имаше победата во свои раце, но мораше да му го препушти првото место на Луис Хамилтон, затоа што во спротивно ќе добиеше казна откако директорот на трката утврди дека при комплетирањето на претекнувањето ја напуштил патеката со четири тркала во свијокот 4.

Иако е јасно дека ова правило му ја донесе победата на Хамилтон, односно на Мерцедес, тимскиот шеф Тото Волф не беше најсреќен поради начинот на кој директорот на трката, односно ФИА го интерпретирале правилото за време на целиот викенд.

– Јас сум подеднакво збунет како и вие, – им порачал Австриецот на новинарите.

– На почетокот на трката знаевме дека напуштањето на патеката во свијокот број 4 нема да биде казнувано, за потоа додека трката траеше да дознаеме дека таквото возење носи предност и може да биде казнето.

– Подоцна излезе дека таа одлука ни ја донесе победата, па затоа јас велам дека мора да имаме јасен став, тоа мора да биде прецизирано, а не новела на Шекспир која секој може да ја толкува како сака.

– Јас и Рон (Мидоуз) зборувавме со Маси (директорот на трката) за време на трката и тој ни порача дека потегот е забранет ако носи предност. Но, не можеме да очекуваме возачите со себе да носат правилник и да го читаат за да знаат што смеат, а што не, – изјавил Волф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни