Поврзете се со нас

Германија

„Војната“ донесе „земјотрес“ во Баерн: Ханси Флик потврди дека побарал раскин на договорот!

Објавено

на

Неколку дена по елиминацијата на Баерн Минхен од Лигата на шампионите, фановите на се уште актуелниот европски првак добија најнепосакувана можна вест, а истата ја соопшти самиот Ханси Флик.

Непосредно по денешната важна победа која ја оствари Баерн над Волфзбург од 2:3, Ханс Дитер Флик го потврди она што се шпекулираше во јавноста веќе извесно време, а тоа е дека нема да го води тимот по крајот на оваа сезона.

За да стави крај на сите непосакувани натписи во јавноста, Флик излезе и сам проговори пред микрофоните за телевизијата „Скај“, при што откри дека тој прв им соопштил на играчите за конечната одлука која ја донел.

– Му порачав на цел тим дека го информирав клубот за раскинување на мојот договор по крајот на оваа сезона. Мило ми е што момците го дознаа ова од мене. Направивме неверојатна работа заедно во овие неполни две години. Буквално сум импресиониран од овој тим, од квалитетот и карактерот.

– Зошто ја донесов оваа одлука? За овие работи зборував интерно со одговорните луѓе и засега ќе останат интерни, нема да откривам повеќе. Чест ми е што тренирав ваков тим, но ова е мојата конечна одлука, ја донесов после долго размислување – порача Флик кој ја остава вратата отворена за преземање на празната селекторска функција по крајот на Европското првенство.

– Иднината не е јасно. Секако дека германската Федерација е голема опција која секој тренер треба да ја разгледа. Последните седмици не беа лесни за мене, ми требаше време да му кажам на клубот, а сега и на играчите, – додаде Ханси кој на овој начин ја губи битката со Хасан Салихамиџиќ Брацо кој полека се претвора во омразен лик меѓу фановите на Баерн.

Легендарниот Брацо одигра голема улога во оваа одлука која ја донесе Флик, кој без оглед на се ќе остане запишан во историјата на Баерн Минхен како тренерот кој ги освои сите шест трофеи во една година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни