Поврзете се со нас

Германија

„Војна“ на релација Баерн- Левандовски: Кан јавно го прозва Полјакот

Објавено

на

Директорот на Баерн Минхен, Оливер Кан, се обрати во јавноста разочаран од однесувањето на најдобриот фудбалер на клубот, Роберт Левандовски.

Кан ја коментираше последната изјава на Роберт Левнадовски кој преку медиумите побара Баерн Минхен да не го држи во клубот затоа што неговата желба била да си замине ова лето.

– Не можам да ви кажам зошто Роберт го избра овој пат за да комуницира околу неговата ситуација. Јавните изјави нема да го однесат никаде.

– Роберт треба да знае што имаме ние во Баерн. Почитта не е едносмерна улица, -изјави Оливер Кан во интервју за „Спорт1“, очигледно разочаран од односот на полскиот голгетер.

Роберт Левандовски по низа успешни години поминати во Минхен, ова лето ќе притиска за трансфер во редовите на Барселона, клуб кој е најзагреан за неговите услуги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни