Италија
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)

Душан Влаховиќ наиде на доста критики од јавнсота и беше поврзуван и со јануарски трансфер изминатиот месец, но откако ја надмина повредата и се стави на располагање на Макс Алегри, сега му се посреќи третиот меч по враќањето на терените.
Србинот имаше физички проблеми пред и по крајот на мундијалот во Катар, но денеска за првпат беше стартер во Серија А по пауза од речиси четири месеци и стави крај на постот од октовмри минатата година.
Влаховиќ последниот гол го постигна на 15-ти октомври во дербито против Торино, а денеска на 7-ми февруари постигна два гола на гостувањето во Салерно.
Салернината се покажа како тим кој не може да се носи со Јувентус на вечерашниот меч, бидејќи двапати капитулираше во првиот дел, а прими трет на стартот на вториот.
Јуве поведе од пенал кој прецизно го изведе Влаховиќ во 26-та минута, момент кој беше интересен и поради фактот што Србинот побара дозвола од Ди Марија тој да биде изведувач. Аргентинецот се покажа како добар соиграч и допушти такво нешто, па Влаховиќ енергично му се заблагодари и го бакна по постигнатиот гол.
До крајот на првиот дел, Костиќ погоди за 0:2 откако испрати еден лош шут на Влаховиќ, додека напаѓачот беше незадржлив во 47-та минута кога погоди за 0:3 по додавањето на Фаџоли. Ова на крајот беше и конечен резултат на оваа средба, по која Јувентус направи скок и стигна до 10-то место.
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Формула 1пред 23 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
НБАпред 17 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
Балканпред 24 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)