Поврзете се со нас

Светски првенства

Видео од соблекувалната го открива говорот на бесниот Мбапе од полувремето на финалето со Аргентина

Објавено

на

Килијан Мбапе беше речиси неприметен цели 80 минути во финалето во Катар, а потоа во неполни 90 секунди постигна два гола и внесе неверојатна неизвесност во натпреварот на кој дотогаш доминираше Аргентина во секој фудбалски поглед.

Младата ѕвезда на ПСЖ покажа извонредна самодоверба и го однесе финалето во дополнителни 30 минути игра, во кои комплетираше и хет-трик пред да се замине во завршница со пенал рулет.

Мбапе беше непогрешлив и во четвртото соочување со Емилијано Мартинез, но неговите четири погодоци сепак не беа доволни за да се одбрани светската титула, која тој навистина многу силно ја посакуваше.

Доказ за тоа е изданието кое го имаше на теренот, но и видеото кое доаѓа од соблекувалната на Франција, снимено од паузата меѓу двете полувремиња.

– Едноставно не можеме да бидеме полоши од ова. Мора да се вратиме на теренот и да направиме нешто, да внесеме интензитет во дуелите и да направиме нешто друго момци.

– Тие дадоа два гола, ние примивме два гола, но можеме да се вратиме. Ова е срање, мундијал има на секои четири години…., – порачал нервозниот Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни