Поврзете се со нас

Англија

Веќе нема дилеми кој ќе го наследи Анчелоти на клупата на Евертон

Објавено

на

Од таборот на Евертон останаа шокирани кога тренерот во кој вложија огромна доверба минатата сезона, Карло Анчелоти се реши да ги напушти и да го прифати предизвикот водејќи го Реал Мадрид по втор пат.

Од тогаш челниците на клубот од Мерсисајд беа во постојана потрага по негов наследник, а како што стојат работите веќе бил избран тренерот кој од следната сезона ќе седи на клупата на „„Гудисон Парк“.

Португалскиот стратег кој до пред извесен период беше тренер на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто ќе биде новиот предводник на „карамелите“. Нуно беше во преговори и со Кристал Палас, но откако тие пропаднаа тој се решил да ја прифати понудата на Евертон и ќе го наследи Анчелоти на кормилото на овој клуб.

Нуно Еспирито Санто изгради одлична репутација водејќи го тимот на Вулверхемптон со кој од член на Чемпионшип лигата стигна до пласман во европските купови. Сезонава што измина не беше најдобра за „волците“, па двете страни се одлучија спогодбено да го раскинат договорот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни