Поврзете се со нас

Македонија

Важна победа за „црвено-црните“: Вардар ја доби битката со Охрид во „Билјанини извори“

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Составот на Вардар 1961 се избори за победа над ГРК Охрид од 27:25 во последната средба од 6. рунда во плејофот во Суперлигата.

Охриѓани уште еднаш покажаа дека се квалитетен тим кој ќе се бори за излез во Европа, но „црвено-црните“ успеаа да пронајдат начин да дојдат до посакуваниот резултат во салата „Билјанини извори“ иако на располагање ги немаа Срдановиќ, Мишевски и без Јагуриновски.

Домаќините го добија првото полувреме со резултат 12-11, предност имаа и во вториот дел, ама како што одминуваше време скопскиот клуб пронајде соодветни решенија кога беше најважно и се избори за исклучителна важна четврта победа во шампионатот.

Томовски имаше 8 одбрани, Родригез пак беше прв стрелец со 10 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни