Македонија
Вардар со емотивна порака му се заблагодари на Васоски: Никогаш нема да ја заборавиме трагата која ја остави во нашиот клуб
По завршувањето на првиот дел од домашниот фудбалски шампионат, Александар Васоски објави дека повеќе нема да биде тренер на екипата на Вардар.
Популарниот Тетовче во својот емотивен статус истакна дека нема повеќе сила да се бори со проблемите кои постојат во клубот, но воедно испрати апел до надлежните да помогнат и да не дозволат да згасне најтрофејниот македонски клуб.
Сега се огласија од таборот на Вардар и тоа со директна порака со Васоски:
Фудбалскиот клуб Вардар му се заблагодарува на Васоски за неговиот придонес во клубот, кој беше несебичен, професионален и максимално коректен. Од тимот направи шампион, а што е најважно, афирмираше млади фудбалери кои ќе бидат иднината на македонскиот фудбал.
Му благодариме за минатосезонската титула, која беше плод на многу работа, на многу единство во екипата, и за која дефинитивно има голем придонес.
Му благодариме што успеа во овие тешки моменти за нашиот клуб, да собере сила и да го води тимот кон есенскиот дел од оваа сезона. И тоа да го направи со успех, знаејќи во каква ситуација се наоѓа Вардар, да создаде победнички менталитет, да направи добри фудбалери од овие млади момчиња, и пред се личности.
Му благодариме на Васоски за целиот придонес во сите овие шест години, најпрво како помошник тренер, а потоа и како прв тренер. Благодариме за титулите, за незаборавната авантура во Лигата на Европа од која беше дел, благодариме за сите дадени совети, лекции, сугестии. Никогаш нема да ја заборавиме трагата која ја остави во нашиот клуб.
Васоски, ти посакуваме многу успех во понатамошната кариера. Со надеж дека еден ден повторно ќе бидеш меѓу „црвено-црните“, онаму каде што припаѓаш! Вардар е твојот дом!
Благодариме и среќно, Тетовче!
-
Англијапред 23 часа
Портпаролот на Мане демантираше дека играчот си заминал од Ливерпул поради незадоволство за платата
-
Англијапред 12 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 13 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Англијапред 4 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Светпред 4 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Германијапред 12 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
АТПпред 11 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)