Поврзете се со нас

Македонија

Вардар рутински го среди Еурофарм Пелистер 2, остануваат уште два чекори за нова титула

Објавено

на

Ракометарите на Вардар 1961 немаа никакви проблеми на денешната пресметка против Еурофарм Пелистер 2 во домашниот шампионат, дуел кој го реализираа со 34-23.

Со ова „црвено-црните“ направија уште еден чекор напред кон одбрана на пехарот, поточно од таа цел ги делат победи над Бутел и Тиквеш. На дуелот во СЦ „Јане Сандански“ вардарци имаа пеколно прво полувреме кое го добија со 17-9 по што стана јасно дека нема никаква шанса за изненадување во Скопје.

Талески и Дибиров со по 6 гола беа најефикасни кај победникот, додека за битолчани прв стрелец беше Димитриоски со седум погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни