Поврзете се со нас

Македонија

Вардар конечно ги започна подготовките, закажани се неколку пријателски средби

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/FKVardarSkopje

Најтрофејниот македонски клуб Вардар конечно ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лигата.

Познато е дека финансиската состојба во „црвено-црниот“ табор е далеку од идеална, клубот го напуштија неколку важни играчи и останува да се види дали сега ќе можат да се оствари најголемата цел-пласман во елитната домашна конкуренција.

Од клубот известија дека веќе се договорени три пријателски средби и тоа против Тетекс, Скопје и Работнички на 4, 8 и 11 февруари.

Само за потсетување Вардар првиот дел од кампањата го заврши на второто место во ВМФЛ со 36 освоени бода или само еден помалку од лидерот Гостивар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни