Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ги чести своите навивачи со бесплатен влез за големото ракометно дерби (Фото)

Објавено

на

Играчите на Вардар се погрижија за „црвено-црна“ рапсодија во „Јане Сандански“ на натпреварот против Мешков Брест кој се одигра во средата, порадишто клубот сега реши да ги почести своите верни фанови.

Македонскиот првак во недела го игра големото дерби против Еурофарм Пелистер во рамките од четвртото коло во домашната Супер лига, натпревар на кој мечот ќе биде бесплатен и слободен за вардаровите симпатизери и навивачи.

– За дербито Вардар – Еурофарм Пелистер влезот е СЛОБОДЕН. Натпреварот од четвртото коло од домашната машка Супер лига меѓу Вардар1961 и Еурофарм Пелистер е закажан за в недела во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.

– Дербито на колото, истовремено е дерби и на првенството. Сезонава Вардар1961 триумфираше против Еурофарм Пелистер во финалето на турнирот во Струга, а битолчани беа подобри и го освоија Супер купот. Вардар игра со згуснат распоред паралелно со настапот во ЕХФ лигата на шампионите и домашното првенство. По три одиграни натпревари „црвено-црните“ до домашното првенство имаат три победи.

Во соопштението на Вардар се додава дека бесплатниот влез важи само фанови кои имаат извршено имунизација за Ковид 19, и за оние кои го имаат прележано вирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни