Поврзете се со нас

Македонија

Вардар донесе искусен напаѓач како замена за Десниќ (Фото)

Објавено

на

Вардар ја забележа првата победа во Првата македонска фудаблска лига пред да дојде до пауза поради репрезентативните обврски, но повратникот во елитата сега го користи овој период за да донесе уште едно освежување во тимот.

Александар Васоски се израдува на првиот триумф како тренер на „вардарци“ и славеше во градското дерби против Македонија Ѓорче Петров, а сега добива добра вест со засилување во офанзивната линија.

Вардар остана без Дарио Десниќ со кого ја раскина соработката на 1-ви септември, па сега Љутфи Билали доаѓа како замена да го пополни испразнетото место.

– Љутфи Билали е нов играч во ФК Вардар. 31 годишниот напаѓач во нашата лига има настапувано во екипите на Силекс, Металург, Пелистер, Ренова, Гостивар и Беса, а богато интернационално искуство има од екипите на Интерблок и Цеље (Словенија), Конкордиа (Швајцарија), Егиниакос (Грција), Хака (Финска), Бардејов (Словачка)
Добредојде во најтрофејниот клуб во Македонија Љутфи!

„Црвено-црните“ својот следен натпревар го имаат наредната недела, кога ќе му гостуваат на Тиквеш во рамките од седмото коло во ПМФЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни