Поврзете се со нас

Англија

Вајналдум: Сакам да играм со Погба во ПСЖ

Објавено

на

Пол Погба е во последната година од актуелниот договор со Манчестер Јунајтед, па токму овој преоден рок дефинитивно може да биде исклучително важен околу неговата иднина.

Јунајтед ќе мора да донесе конечна одлука затоа што ако Погба не сака да остане тогаш едноставно најдобро е да биде продаден летово за да се добијат финансиски средства како трансфер обештетување.

Една од екипите која се споменува како кандидат за потписот на францускиот репрезентативец е ПСЖ, тим за кој од новава сезона ќе настапува Џини Вајналдум.

Токму Вајналдум имаше коментар за Погба кого со широки отворени раце го очекува на „Паркот на принцовите“.

-Би сакал да го имам Погба со нас. Тој е фантастичен. Неколку пати играв против него – каков играч. Ако прашате било кој играч од друг тим дали би сакал Погба да му се придружи, сите ќе ви кажат да затоа што тој е извонреден фудбалер, полн со квалитети. Тој го има сето тоа, еден од најдобрите играчи за врска во светот, -истакна Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни