Поврзете се со нас

Европски купови

Вајли подобар од Димитријевиќ, Валенсија падна во Подгорица (ВИДЕО)

Објавено

на

Џејкоб Вајли славеше во македонската пресметка против Ненад Димитријевиќ во Еврокупот.

Будуќност на Вајли во една супер неизвесна завршница се избори за славје против Валенсија од 71-70. Домаќините влегоа со минус седум во последната четвртина, но тоа не ги откажа, одиграа поангажирано пред се во одбраната и со 19-11 се изборија за пресврт и славје во „Морача“.

Клучните поени беа дело на црногорскиот репрезентативец Кобс на 22 секунди до крајот.

Атиќ со 17 и Мицов со 14 поени беа најдобри стрелци кај победникот, најсветла точка кај поразените беше Препелиќ со 14 кошеви.

Кога се во прашање пак нашите репрезентативци Вајли имаше 8 поени, 8 скока и 2 асистенции за 16 минути на паркетот, а пак Димитријевич потфрли и дуелот го заврши со 2 поени за десет минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни