Поврзете се со нас

Репрезентација

Вајли: Не ме интересираат никакви математики, мораме победнички да го завршиме турнирот

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот ќе го има последниот настап на турнирот во Скопје, турнир кој е претквалификациски за Светското првенство кое е на програмата во 2023 година.

Нашиот национален тим е во добра ситуација да ја оствари зацртната цел, па дури и пораз од Словачка може да не доведе до квалифиакциите за мундијалот. Меѓутоа во репрезентацијата воопшто не размислуваат за математики, максимално, мотивирано ќе му пристапат на мечот се со цел за да се оствари победа и потврди првото место во групата Ф.

-Нема тука што посебно да се зборува. Треба да продолжиме со игрите од претходните два натпревари. Сите да го вложиме својот максимум од можностите, и со една тимска работа да стигнеме до потцртаната цел. Да го завршиме овој турнир со уште една силна игра, и на првото место, -вели Џејков Вајли кој смета дека не смее да дојде до никакво опуштање.

-Во никој случај, погледнете што се случи на вчерашниот меч со Швајцарија. Тие ги потценија во последниот период и за малку ќе беа казнети. Словаците се доста жилава, еластична екипа, постојано вртат една игра, не се откажуваат од тоа, дури и кога губат. И ние ќе мора да играме заедно и добро во текот на сите 40.минути. Да немаме преголеми падови во играта како на некои од претходните натпревари. Мене не ме интересираат никакви математики. Гледам и очекувам само победа и ништо друго. Тоа е патот до успехот, -смета Американецот со македонски пасош.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни