Поврзете се со нас

Шпанија

Уругваецот не можеше да се воздржи: Суарез се расплака на заминување од Барселона (Видео)

Објавено

на

Луис Суарез во наредните часови се очекува официјално да биде потврден како ново засилување на Атлетико Мадрид, откако доцна синоќа неговите адвокати успеаја да пронајдат заеднички јазик со претседателот Бартомеу за реализација на трансферот кој тој сакаше да го стопира.

На крајот, првиот човек на Барса попушти и одлучи да му ја исполни желбата на Суарез, кој во ситуација кога наиде на завторени врати од новиот тренер Куман, сакаше по секоја цена да си замине.

„Ел Пистолеро“ одби да направи трансфер во Јувентус со цел да остане во Шпанија, па кога сериозен интерес пројави Атлетико, тој одлучи дека ако си оди, ќе оди само во тимот на Симеоне.

Медиумите од Каталонија ова попладне открија дека Суарез бил на тренингот за да се прости од своите соиграчи со кои ја делеше соблекуваланта шест години, а дека не му било сеедно, најдобро ни откри видеото кое го сподели „Ел Голасо де Гол“.

Суарез со солзи во очите и видно потресен го напушти тренинг центарот на Барселона, по се изгледа, за последен пат во својата кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни