Поврзете се со нас

НБА

Уникатна симболика: Дончиќ клекна пред словенечката убавица и креираше посебен момент (Фото)

Објавено

на

Лука Дончиќ остави зад себе разочарувачка сезона во НБА лигата во која неговиот Далас не успеа да се избори за плејоф, а Словенецот сам откри дека негативно врз него влијаеле и некои приватни проблеми.

Дончиќ не сакаше да открива за што станува збор и имаше неколку месеци да ја „олади главата“, но сега стартот на летото го искористи за да овековечи една долга врска.

Големата НБА ѕвезда клекна во Бледското езеро и ја побара својата избраничка Анамарија Голтес, а при креирањето на специјалниот момент се погрижи и за уникатна симболика.

Дончиќ ја побара својата идна сопруга на 7-7( 7-ми јули), што во превод е и симболика за бројот кој го има на својот дрес во Далас (77).

Лука експресно почна да добива милиони честитки за прекрасната вест, а еден од првите беше и „кралот“ Леброн Џејмс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни