Поврзете се со нас

Германија

Тухел за можното бомбастично заминување во Баерн: Ништо не се знае на трансфер пазарот……

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен по секоја цена сака да го донесе Хари Кејн во своите редови, а угледниот „Кикер“ вчера излезе со информација дека за да го оствари тоа, подготвен е да се откаже и од својот капитен.

Џошуа Кимих е под договор со Баерн и многумина на него гледаат како симбол за клубот, но познатиот таблоид вчера пренесе дека одговорните лица може да размислуваат за продажба доколку пристигне понуда којашто не се одбива.

Германскиот репрезентативец сериозно е во плановите на тренерот Томас Тухел, кој сепак говорејќи за последните шпекулации, сепак остави простор за реализирање на неочекуваната трансфер „бомба“ од Минхен.

– Навистина би било големо изненадување доколку Кимих си замине, но………

– Трансфер пазар е трансфер пазар, ништо не може да тврдите со сигурност. Се е возможно на трансфер пазарот, особено во летниот преоден рок. Секој ден излегуваа нови шпекулации и се изнесуваат нови имиња за купување или продажба, – вели Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни