Поврзете се со нас

Германија

Тухел пред големото дерби за врвот: Правам само три работи откако го преземав Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел сосема неочекувано го презема Баерн Минхен за време на клупската пауза поради репрезентативните обврски и го наследи Јулијан Нагелсман, а судбината посака својот прв меч како тренер на германскиот првак да го има против својот поранешен клуб.

Денеска се игра големото дерби меѓу Баерн и Борусија Дортмунд на „Алијанц арена“, а во најавата за спектаклот кој се очекува, Тухел им открил на новинарите како ја минал првата недела во „Зебенер штрасе“ тренинг центарот.

– Работам, спијам, јадам и потоа се одново. Ги правам само тие три работи во првата седмица во Баерн. Дефинитивно, доживеав многу емоции и има многу импресии. Се чувствувам како да сум работел еден месец. На крајот од денот секогаш сум преморен, но другиот ден сум подготвен за работа.

– За мене ова беше исцрпувачка недела, но истовремен беше најдоброто нешто што можеше да ми се случи. Многу сум благодарен што сум дел од овој клуб.

– Натпреварот со Дортмунд е многу големе за сите. Сакаме да победиме и да се вратиме на врвот на табелата. Нема да бидеме шампиони ако победиме, но нема да ја отпишеме титулата ако не победиме. Сепак, ќе испратиме јасен сигнал ако оствариме победа, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни