Поврзете се со нас

Франција

Тухел: Многу сум загрижен за Нејмар

Објавено

на

ПСЖ на најлош можен начин ја започна новата натпреварувачка сезона во Франција, бидејќи по шокантниот пораз од Ленс во натпревар во кој не игра голем број ѕвезди, следеше хаотично дерби со Марсеј.

Не само што претрпеа втор пораз во низа, „светците“ останаа и без тројца играчи за утрешниот меч со Мец, од едноставна причина што Курзава, Паредес и Нејмар заработија црвени картони во 97-та минута.

Големата бразилска ѕвезда предизвика голем скандал и ја продолжи расправијата и надвор од теренот (обвинувајќи го Алваро за расизам), па со оглед на тоа што утре е денот „Д“ во Франција, Тухел испрати порака со која не крие дека е загрижен.

Дисциплинската комисија утре ќе донесе одлука и ќе ги изрече казните за сите инволвирани во срамниот инцидент, а Тухел стравува дека Нејмар може да добие драконска казна.

– Вистина е, многу сум загрижен за Нејмар и за цела таа ситуација која настана на мечот и по дербито. Не знам дали ќе биде согледан целосниот и реалниот контекст од инцидентот, – изјави Тухел кој беше запрашан и дали стравува за својата функција како тренер по турбулентниот старт на сезоната.

– Секогаш го велите истото. Ме бркавте по мечот со Дортмунд, ова не е ништо ново. Вие новинарите ги циркулирате ваквите гласини. Јас воопшто не ги читам новините, апсолутено не ме интересира што пишувате. Подобро е за мене да не знам што пишувате, – порача Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни