Поврзете се со нас

Германија

Тухел избрал напаѓач за Баерн, клубот мора да преговара со италијански тим

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен сигурно ќе му исполни неколку трансфер желби на новиот тренер, Томас Тухел, а една од нив ќе биде поврзана со напаѓачката позиција.

Германскиот стручњак инсистира на нов класичен напаѓач, а во игра се неколку потврдени имиња, вклучувајќи го и Хари Кејн.

Сепак, Баерн последниве денови се почесто размислува на тема Душан Влаховиќ, без разлика што српскиот репрезентативец имаше скромна сезона со Јувентус.

Како што тврди, добро упатениот новинар Флоријан Плетенберг, самиот Тухел е тој кој „навива“ за Влаховиќ и бара од раководството да се обиде да го доведе во Минхен.

Карл-Хајнц Румениге и неговите актуелни наследници на одговорните функции во минатото негуваа одлични односи со Јувентус, па без проблеми помина и транферот на Матијс де Лихт, нешто што може да се искористи како адут и во оваа ситуација.

Плетенберг вели дека Баерн не ги отпишува Кејн и често споменуваниот Коло Муани како опција, но трансферот на Влаховиќ би бил најприфатлив, односно најевтин за тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни