Поврзете се со нас

Репрезентација

Тренерот на Леванте: Барди се спаси, го избегна најлошото сценарио!

Објавено

на

Леванте има навистина лош старт на сезоната и со шест освоени бода по осум комплетирани кола се наоѓа во опасната зона во Примера, па токму поради тоа, претстојниот натпревар на домашен терен против Елче ќе биде многу важен за тимот од Валенсија.

Тоа денеска на прес-конференцијата го нагласи тренерот Пако Лопез кој во наредниот период ќе мора да се справува со еден сериозен хендикеп, односно со неиграњето на еден од најдобрите играчи во стартниот тим, Енис Барди.

Македонскиот фудбалер заработи несреќна и многу незгодна повреда на грбот на последниот тренинг пред заминувањето за Тбилиси, поради што мораше да го пропушти и историскиот меч против Грузија, на кој остваривме неверојатен успех со пласманот на Европското првенство. По враќањето во Валенсија, Леванте му направи детални прегледи и потврди дека станува збор за лоша повреда, односно акутна дискус хернија, но во цела оваа непријатна епизода, денеска пристигна и една добра вест.

Тренерот Лопез истакна дека Барди успеал да се спаси, односно избегнал оперативен зафат кој практично ќе значеше дека офанзивниот фудбалер нема да може да игра со месеци.

– Не знаеме колку точно ќе отсуствува Барди, станува збор за несреќна повреда и доста лоша. Искрено, воопшто не станува збор за шега. Пред себе имаше многу важен натпревар за селекцијата и со топло срце му честитавме за пласманот на Европското првенство. Му изразивме огромна поддршка и денеска почна со својата рехабилитација. Огромна е честа што играч на Леванте ќе игра на Европско првенство.

– Планот со него е јасен, најдобро беше веднаш да почне со рехабилитација и денеска стартуваше. Станува збор за дел од грбот кој е навистина комплициран, не можам да давам детални објаснувања, не сум доктор. Најважно е што момчето се спаси од операција, го избегна најлошото и со тоа ќе може да ја забрза својата рехабилитација. Нема никако да брзаме со него, ќе се врати на теренот кога ќе биде сигурно, – објасни Пако Лопез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни