Репрезентација
Трајковски: Мечот со Италија ќе биде посебен, ќе играме со срце и ќе се бориме

Најдобрата македонска репрезентација во месец март ја очекува баражот за Светското првенство, односно од мундијалот во Катар не делат само две пречки, два натпревари.
Првиот предизвик е актуелниот европски шампион Италија со кого ќе се соочиме на 24 март во Палермо, место кое е добро познато за дел од нашите репрезентативци. Имено еден од нив е Александар Трајковски кој мина неколку години во составот од Сицилија и се радува што сега одново ќе може да игра на „Ренцо Барбера“.
-Кога видов дека ќе играме против Италија, си помислив дека тоа ќе биде посебен натпревар. Потоа и дека истиот ќе се игра во Палермо. Колку прекрасно. Ќе се вратам на местото каде што бев добар, тоа ќе биде добар натпревар. Возбудливо. За мене и за Македонија.
-Имаме можност да одиме на Светско првенство. Кога ќе дојде време ќе размислуваме за тоа. Ние сме млад тим, Пандев повеќе не е со нас, ни недостасува. Ама ќе се бориме, играме со срце. Ние никогаш не се откажуваме. Имаме квалитет, порача Трајковски за „Тутомеркатовеб“.
Во случај да ја поминеме Италија тогаш во финалето баражот ќе играме со победникот од битката Португалија-Турција.
-
Англијапред 18 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Македонијапред 11 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Германијапред 16 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 14 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Шпанијапред 18 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 17 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 15 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Македонијапред 10 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!