Поврзете се со нас

Репрезентација

Трајковски: Игравме без нервоза и без грешки, сакаме победи на следните два натпревари

Објавено

на

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација издвојува убедлива победа над Словачка (69-47) и со тоа направи значаен исчекор на турнирот што се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Ова беше дуел на кој нашата селекција покажа дека поразот од Швајцарија е веќе зад нив, меч на кој одигравме две извонредни четвртини во кои противникот беше комплетно неутрализиран и надигран. Сега следат реваншите против Швајцарија и Словачка, а капитенот Бојан Трајковски најави дека тимот ќе бара триумфи на истите.

-Се што се случи првиот натпревар, го поправивме во вториот. Тоа што се договаравме да не го правиме, не го правевме. Игравме без нервоза и без грешки и на крајот заслужено победивме. Како што го заборавивме поразот од првиот натпревар, така ќе ја заборавиме и оваа победа.

-Имаме уште два меча до крај, мора да бидеме внимателни. Се надевам дека ќе завршиме со тој позитивен скор. Секој натпревар е приказна за себе, ќе се обидеме да бидеме подобри со Швајцарија и да не промашуваме зицери. Сакаме победи и на следните два натпревари, -изјави Трајковски кој дуелот со Словаците го заврши како најдобар стрелец со 16 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни