Поврзете се со нас

Италија

Тонали по дебито за Милан: Овој дрес тежи многу, Ибра е посебен случај

Објавено

на

Сандро Тонали на крајот заврши во Милан и покрај тоа што се чинеше дека Интер е многу поблиску до негов ангажман, но големиот градски ривал од Милано ја искористи неактивноста на „нераѕурите“ и успеа да го осигура најголемиот италијански талент во овој момент.

Тонали има само 20 години и вчера ги одигра првите минути како член на Милан во Серија А, откако влезе во 77-та минута на мечот против Болоња кој претходно го реши легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

– Ибрахимовиќ е многу силен, како играч, но и како карактер. Тој е идол за сите нас во тимот, на 39 години, ни докажува дека се уште може да игра, да постигнува погодоци и сам да ги добива натпреварите. Ибра е посебен случај, – изјави Тонали.

Младиот Сандро признава дека добива огромна помош и поддршка од соиграчите во поглед на големата промена на квалитетот во споредба со неговиот претходен тим Бреша, а дополнителна тежина претставува и тоа што го носи дресот на Џенаро Гатузо.

– „8-та“ е број кој не само што е убав, туку има и посебно значење во историјата на Милан. Чест е да се носи овој број и покрај тоа што тежи многу, мора да го дадам најдоброто од себе и да ја оправдам довербата, – додаде Тонали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни