Поврзете се со нас

Македонија

Тинекс Пролет победи во Охрид и се зацврсти на третото место во ракометниот плејоф

Објавено

на

Единствениот натпревар одигран денеска во ракометниот плејоф во машка конкуренција донесе драматичен дуел меѓу Охрид и Тинекс Пролет, а на крајот гостите победија со 21:22.

Охрид на полувреме водел со 11:8, во вториот дел Тинекс Пролет се вратил во игра, па во завршницата имал и плус три.

Иако домаќините стигнале до израмнување, Ласко Андоновски реализирал во последниот напад за конечни 21:22.

Со оваа победа, Тинекс Пролет се зацврсти на третото место на табелата и е блиску до настап во Европа следната сезона.

Во рамките на плејаутот, Голден Арт КЛ7 го победи Астраион со 36:23, додека Радовиш славеше против Прилеп со 27:24.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни