Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг му „намигна“ на Јунајтед: Подготвен сум за нов предизвик

Објавено

на

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед го назначи Ралф Рангник како привремено решение до крајот на сезоната што значи англискиот великан и понатаму е во потрага по тренер кој ќе застане на клупата во 2022 година.

Медиумите играат со неколку имиња, а во најтесниот избор се Маурисио Покетино од ПСЖ, Брендан Роџерс од Лестер и Ерик Тен Хаг од Ајакс, односно очекувањата се дека еден од овие тројка ќе слета на „Олд Трафорд“ по оваа кампања.

Еден од овие стратези или поточно Холанѓанецот, Тен Хаг порача дека е спремен за нов предизвик, исчекор во кариерата што може да се протолкува како сигнал дека е подготвен да застане на жешкото столче во Јунајтед.

-Мислам дека сум подготвен за тоа. Со задоволство би го прифатил тој предизвик. Но, јас тоа не го бркам. Ако тој чекор никогаш не се случи, нема да кажам дека мојата тренерска кариера е неуспешна. Но мислам дека имам доволно компетенции да се справам со тој предизвик, -порача Тен Хаг кој со Ајакс освои титули во домашниот шампионат и Купот на Холандија, а во сезоната 2018/2019 дојде и до полуфиналето на ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни