Поврзете се со нас

Боречки спортови

Тајсон се враќа во рингот со борба против повеќекратен светски шампион

Објавено

на

Мајк Тајсон и официјално ќе се врати во рингот на 54-годишна возраст, а причина е егзибициската борба со поранешниот светски шампион во повеќе категории, Рој Џоунс Џуниор.

Двајцата поранешни светски прваци ќе се соочат на 12 септември во Лос Анџелес, борбата ќе трае осум рунди и ќе се емитува на пеј-пер-вју телевизиски сервис.

Џоунс е три години помлад од Тајсон, а последен пат имаше ривал во рингот во 2018 година, додека неговиот противник последен пат боксуваше на егзибициски дуел против Кори Сандерс во 2006 година.

– Се враќам затоа што можам. Само затоа што имам 54 години не значи дека треба да започнувам нова кариера и нашите животи се готови, – изјавил Тајсон објаснувајќи го камбекот.

Најавено е дека пред оваа борба, во рингот ќе се соочат поранешната НБА ѕвезда Нејт Робинсон и Јутјуб инфлуенсерот Џејк Пол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни