Поврзете се со нас

Македонија

Табоада: Пелистер е клуб кој постојано напредува, ова е шанса…

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Еурофарм Пелистер со високо амбиции ќе влезе и во новата сезона, па за остварувањето на целите беа ангажирани неколку нови засилувања меѓу кои е и Реиние Табоада.

Табоада дојде до Битола од таборот на француски Данкерк, тој веќе имаше можност да се запознае со новите соиграчи, екипата и верува дека ќе може да помогне Пелистер да освои титули во блиска иднина.

-Еурофарм Пелистер е клуб кој напредува постојано. Беше второпласиран во домашниот шампионат минатата сезона. Ова е добра шанса за мене да се дефинирам како ракометар и да му помогнам да екипата да се искачи на првото место и да освојува титули.

-Сакам да играм „еден на еден“, ја користам мојата физичка сила. Но, интелегентен сум и ја „читам“ играта, го „читам“ натпреварот. Исто така шутирам од далечина. Гледав некои европски натпревари на Еурофарм Пелистер, како и дереби натпреварите против Вардар 1961 во домашната Суперлига. Ми оставија добар впечаток и ова е добар проект за мене. Ми се допаѓа екипата, -порача Табоада кој е репрезентативец на Куба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни