Пливање
Светскиот првак Томи Стефановски пречекан во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Освојувачот на светската серија во маратонско пливање за 2016 година, Томи Стефановски, синоќа беше пречекан во Скопје од страна на најблиските соработници и актуелните луѓе во македонското пливање, вклучувајќи ги тренерите и пливачите.
Стефановски (44) оваа сезона победи на маратонот во Охрид што го прави највозрасен пливач со ваков успех, а беше трет во трката на езерото Сен Жак во Канада. Иако е вообичаено сезоната во маратонското пливање да има повеќе трки, поради откажување на првите две трки во Аргентина и Мексико, „Гран при серијата“ за 2016 година заврши со трката од Капри до Неапол, во која триумфираше Евгениј Поп Ацев, а Томи Стефановски со освојување на шестото место успеа да ја освои титулата. Претходно, Стефановски најави дека ова е негова последна сезона со активно учество во трките, што значи дека тој нема да го брани насловот следната година.
Претходно, Стефановски беше вице-шампион во 2014 година, во 2009 година успеа да го преплива каналот Ла Манш, а на почетокот од годинава беше примен во „Куќата на славните“ на маратонското пливање, етаблирана во 1963 година.

- Светски првенствапред 23 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Англијапред 24 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Англијапред 19 часа
Саха со нов совет до Солскјер: Тој не смее да си замине лесно од Јунајтед
- Шпанијапред 23 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч
- Шпанијапред 18 часа
Помошникот на Куман: Неверојатно е тоа што се слуша на теренот кога Меси ќе ја прими топката
- Светпред 20 часа
Куртоа се пожали за третманот во родната земја: Преживеав цунами во Реал Мадрид, а сега…..
- Англијапред 22 часа
Клоп ја отвори вратата во случај на најнеповолно сценарио: Не сакам такви играчи во мојот тим!
- Германијапред 14 часа
Колер знае зошто Алаба си заминува од Баерн: И јас истото го направив