Свет
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон

Египетскиот судија Мохамед Фарук и неговите асистенти добиле суспензија од одговорните во фудбалската федерација, затоа што главниот судија искористил снимка од телефон за да поништи гол.
Инцидентот се случил на дуелот од втората египетска лига меѓу Суец и Ал Нарс и тоа по постигнување на гол на гостите, кои играле со рака во акцијата за погодокот за израмнување.
На судијата му било прикажано видеото и тој решил да го поништи голот, а домаќините до крајот славеле со 3:1.
Витор Переира како прв човек на судиската асоцијација веднаш ги суспендирал судиите, а тие едвај го напуштиле теренот по протестите на гостите за прекршување на основните правила.
– Судискиот одбор ќе направи целосна истрага за инцидентот во кој судијата Мохамед Фарук користел телефон за прегледување на спорен момент од дуелот, – стои во соопштението на судиското тело предводено од Переира, кој на функцијата го наследи Марк Клатенбург.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)