Поврзете се со нас

Европски првенства

Судиите направија драма на крајот, Данска го доби скандинавското дерби

Објавено

на

Селекцијата на Данска излезе како победник во дерби пресметката со Шведска (28:27) во последниот натпревар од денешната програма на 16. Европско првенство.

Како и што се очекуваше беше супер возбудливо, борбено, неизвесно до самиот крај во Хамбург, меч во кој во самата завршница драма направија судиите од Чешка, Новотни и Хорачек. Имено Данска доста калкулираше во последниот напад, не можеше да пронајде решешние и малку фалеше поради пасивна игра да остане без топка.

Меѓутоа тие дадоа гол за 29:27 за да потоа по интервенција на шведските ракометари се дојде до нова одлука и тоа со помош на ВАР дека Данците имале додавање плус од дозволените и голот беше поништен.

Швеѓаните имаа 17 секунди да дојдат до реми, тие на крајот дадоа гол, ама истиот беше поништен  поради престап од еден од ракометарите (не од стрелецот).

Гидсел со десет гола беше прв стрелец и МВП, додека кај поразените Ване имаше девет реализаиции.

Данска сега има 6 бода, Шведкста останува на 4 исто колку што има и Португалија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни