Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Суарез примени нова валкана техника, Џо Кол издоминира: Има напредок, од гризење се префрли на….. (Видео)

Објавено

на

Луис Суарез имаше навистина лоша ноќ како цел тим на Атлетико Мадрид, бидејќи искусниот Уругваец потполно се претопи во сивилото на лидерот во шпанската Примера кој не испрати ниту еден директен шут кон голот на Челси во сите 90 минути.

На крајот, Атлетико сосема заслужено беше поразен со 0:1 на натпреварот кој поради безбедносни причини се одигра во Букурешт, но покрај ремек-делото кое ни го понуди Оливие Жиру, бевме сведоци и на една пресметка меѓу Луис Суарез и Антонио Ридигер.

Стоперот на Челси не беше премногу воодушевен од валката техника која одново ја примени „Ел Пистолеро“ на еден фудбалски терен, бидејќи специјализираните англиски емисии го „уловија“ моментот кога Суарез го гребеше и штипеше својот противник. Ридигер не беше импресиониран и директно му забележа за тоа, но главниот судија немаше шанси да го забележи сето ова поради луцидниот начин на кој искусниот напаѓач го испровоцира стоперот.

Оваа сцена беше доста коментирана и во англиските студија во кои гостуваа познати фудбалери од минатото, а урнебесна конверзација имаа легендарните Џо Кол и Рио Фердинанд.

– Кога им велите на своите деца да се поправат и тие од гризење се префрлиле на штипење, значи дека има напредок, – со насмевка коментираше Џо Кол во студиото на „Би-Ти Спорт“, а Рио се надоврза.

– Тој е неверојатен. Судијата никогаш нема да го види и забележи тоа. Судијата гледа во нивните глави, во нивните лица, но штетата е доле, – возврати Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни