Поврзете се со нас

Македонија

Струга го реши Тиквеш и отиде на +5 по киксот на Шкендија

Објавено

на

Екипата на Струга Трим Лум повторно избега на најбиската конкуренција во трката за титулата во Првата македонска лига.

Стружани го оправдаа статусот на фаворити и славеа над Тиквеш со 2-0 со погодоците на Муарем и Шабани, а со тоа воедно го искористија киксот на Шкендија која на пронајде решение за Силекс. „Црвено-црните“ одиграа само реми без голови во Тетово, па сега лидерот Струга има плус пет во однос на поранешниот македонски првак.

Шкупи пак на свој терен убедливо ја реши Брегалница со погодоците на Адетунџи (2) и Алварез. До триумфи во 29. коло стигнаа и фудбалерите на Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров кои беа подобри од Победа, поточно Скопје.

Првите триумфираа со 2-0, додека скопската пресметка заврши со резултат 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни