Поврзете се со нас

Репрезентација

Столе се пошегува во свој стил: Се надевам дека никој нема да се повреди….

Објавено

на

Стојанче Стоилов и Ванчо Димовски денеска беа дел од прес-конференцијата која се одржа во Александар Палас, легендарни македонски ракометари кои на 3-ти јануари ќе бидат дел од тимот на ветерани кој ќе се спротивстави на актуелните репрезентативци.

Големиот ракометен спектакл беше првично најавен од Живко Мукаетов како прв човек на Федерацијата и главна цел ќе биде забавата и хуманитарниот аспект на настанот, но во своето обраќање пред јавноста, Столе не пропушти да се пошегува со оние кои се години не се активни, а кои сега ќе се испробаат на паркетот во „Борис Трајковски“.

– Овој настан е одлична можност да се оддаде почит на една генерација која твореше за Македонија со години, но од друга страна, да се даде почит и за новата генерација која не наследи. Настанот е хуманитарен и на најдобар начин ќе се отвори годината. Се надевам дека нема да има повреди, не мислам на играчите од репрезентацијата, туку на оние кои не мрднале со години како спортисти, – се пошегува Стоилов во свој стил.

– После долги години сите ќе се собереме на едно место. Секој се подготвува на свој начин и се надевам дека до 3-ти јануари сите ќе бидеме што подобро подготвени. Сакаме да дадеме достоен отпор, а ако овој настан донесе среќа на Светското првенство, нека прерасна во традиција, – изјави Ванчо Димовски.

Натпреварот се игра на 3-ти јануари во „Борис Трајковски“, а покрај ракометниот дел, ќе има и музичка програма во која ќе можат да уживаат ракометните фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни