Поврзете се со нас

Свет

Стојановски без промашување, Гравелин оствари нова победа

Објавено

на

Гравелин оствари уште една победа во француското кошаркарско првенство, а вечерва Војдан Стојановски и неговите соиграчи славеа над Булазак со 100:84.

Македонскиот репрезентативец одигра 14 минути на оваа средба, при што постигна 11 поени без да забележи промашување од поле. Стојановски забележа и еден скок, a само два од единаесет поени ги постигна од слободни фрлања.

Гравелин го реши победникот во третиот период во кој го откажа Булазак од посакуваното изненадување, па во последните десет минути ја одржа предноста за убедлива победа.

Најефикасни кај победничката екипа биле Дејвис со 26 и Вебер со 22 поени.

По оваа победа, Гравелин има ефект 4-5 и е на десеттото место од вкупно осумнаесет екипи во францускиот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни