Европски првенства
Стоилов извлече важна поука од поразот од Словенија: Убеден сум дека Македонија е на вистинскиот пат

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов
Столе Стоилов како еден од најискусните во оваа подмладена селекција на Македонија се појави на прес-конференцијата по стартниот пораз на Европското првенство, кој е помалку разочарувачки од било кој друг досега поради добрата слика оставена на теренот.
Иако македонските ракометари имаат за што да жалат, борбениот и храбар пристап ветуваат многу за во иднина и оваа млада генерација покажа дека има оставрено напредок под водство на Кирил Лазаров, кој исто така по мечот нагласи дека овој негов тим кој е во транзиција е на добар пат.
Техничките грешки во пресудните моменти на крајот се покажаа како одлучувачки за тесниот пораз од Словенија изразен со резултат 27:25, а Стоилов смета дека фаворитот не одирал најдобар натпревар токму поради силниот отпор од нашата селекција.
– Пред се, сакам да и честитам на Словенија за победата и за добриот меч. Тие не одиграа најдобро што можеа, но сметам дека ние ги принудивме на тоа. Се подготвивме многу добро за нив, но за жал бевме неискусни во некои ситуации.
– Сметам дека имавме шанса да победиме, или да освоиме барем бод. За нас беше изненадување кога дознавме дека остануваме без Кире, но овојпат докажавме на теренот дека можеме и без него. Најважно е што покажавме дека можеме да функционираме и без него на теренот. Одиме во вистинска насока, но треба да ги намалиме техничките грешки, – изјави Стоилов.
-
Светпред 17 часа
Данецот се повлече од терените: Хансен ја прекина кариерата поради стрес!
-
Шпанијапред 22 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Францијапред 14 часа
Малиновски ја „искина“ мрежата на Донарума, ПСЖ е елиминиран од Купот на Франција (ВИДЕО)
-
НБАпред 23 часа
Момент за историја: Абдул-Џабар лично му честиташе на ЛеБрон за рекордот (Видео)
-
Светпред 15 часа
Реал го потврди статусот на фаворит и ќе се бори за пехарот на Светското клупско првенство (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 14 часа
Митревски блескаше и му ја донесе првата победа на Порто во ЛШ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Братот на Меси жестоко ја нападна Барселона: Никој не ги знаеше пред Меси, тие се предавници
-
Англијапред 14 часа
Санчо даде гол по пет месеци, Јунајтед немаше сили за целосен пресврт (ВИДЕО)