Поврзете се со нас

Репрезентација

Стефан Спировски не ја крие фаворитската улога: Фаворити сме, но мора да дадеме максимум

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Македонија во текот на утрешниот ден ќе го одигра натпреварот од 7. коло од квалификациите за Светското првенство против селецијата на Лихтенштајн.

На натпреварот во Вадуц нашите репрезентативци ќе бидат големи фаворити, а од фаворитската улога не бега ни Стефан Спировски кој долго време е дел од националниот табор.

– Фаворитската улога е на наша страна, не бегаме од неа. Наше е да дадеме максимум на теренот. Ако го исполниме тоа, сметам дека нема од што да се плашиме.Во модерниот фудбал сметам дека не постојат апсолутни фаворити. Мора да ја одиграме нашата игра, а ако тоа го исполниме ќе победиме на овој дуел.

– Во септемвриските дуели ни недостигаше малку среќа, направивме доволно шанси за голови, ама факторот на среќа не нè посака. На тие три дуели можевме да освоиме сигурно четири бода повеќе, -изјави Стефан Спировски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни