Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Староседелец во првиот тим на Барса открива: По поразот од Баерн, не сакавме да заиграме фудбал!

Објавено

на

Срамниот пораз од 8:2 во четвртфиналето во Лигата на шампионите и натаму е болна точка меѓу сите фанови на Барселона, но уште повеќе меѓу самите играчи од првиот тим кои до крајот на кариерите ќе го паметат дебаклот кој го доживеаја во Лисабон.

Ѕвездите на Барса трета година по ред доживеаја болна елиминација во најелитното натпреварување, но оваа последната дефинитивно беше најбрутална, бидејќи Баерн изгледаше како тим кој е неколку класи подобар од оној предводен од сега екс тренер, Кике Сетиен.

Бартомеу вети револуција во составот по историскиот пораз и веќе си заминаа Иван Ракитиќ и Артуро Видал, а на добар пат да го направат тоа се и бекот Семедо и Луис Суарез.

На почетокот, еден од оние кои се споменуваа како играчи кои можат да си заминат беше и Серхи Роберто, но некогашниот младинец од Ла Масија кој сега е еден од староседелците во првиот тим, доби доверба од новиот тренер Куман. Токму Роберто сега се потсети на ужасниот неуспех со Баерн, откривајќи дека на играчите на Барса им се одмилил фудбалот по ноќта за заборав во Португалија.

– Тешко дека некогаш ќе го заборавиме тој меч. Го имавме најлошото можно лето. После натпреварот со Баерн, повеќе не сакавме да играме фудбал, – открива Серхи Роберто во интервјуто за каталонското радио „RAC1“, кој вели дека е отворен за нова авантура во кариерата по етапата во Барселона.

– Сакам да одам во Америка во моите последни години како фудбалер. Барселона е клубот на мојот живот и се додека играм во Европа, ќе настапувам за Барселона. Сепак, сакам да ја искусам МЛС лигата, – додава Роберто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни