Поврзете се со нас

Англија

Солскјер го обвини Клоп: Јунајтед не добива пенали поради неговата изјава!

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер се пожали дека не беа досудени два чисти пенали врз Кристијано Роналдо на премиерлигашкиот натпервар против Вест Хем кој се одигра во неделата, но неколку дена подоцна, нагласи дека имало и класичен пенал врз Лингард во поразот кој го претрпе неговиот тим од истиот противник во Лига Купот.

Менаџерот на Јунајтед е убеден дека неговиот тим бил оштетен за три пенали на последните два меча против „чеканите“, но надополни дека оваа негативна статистика станала се поизразена од моментот кога Јирген Клоп минатата сезона се жалеше за најстрогите казни кои ги добива тимот од „Олд Трафорд“.

Клоп минатата година преброја дека Јунајтед добил повеќе пенали во две ипол сезони отколку тој во цела негова тренерска кариера како менаџер на Ливерпул (скоро шест години), изјава која според Солскјер сега негативно влијае врз судиите кога треба да покажат на белата точка за неговиот тим.

– Не бараме подароци, сакаме да го добиеме само тоа што го заслужуваме. Требаше да добиеме три пенали на последните два меча, а не добивме ниту еден.

– За жал, еден менаџер (алудирајќи на Клоп) се грижеше повеќе за нашите пенали минатата година отколку за играта на својот тим, а после тоа, добиваме поразличен третман. Одлуките се многу поразлични после таа изјава и гледам огромна разлика. Не може да направиме ништо, оставаме се во рацете на судиите и се надеваме дека ќе носат правилни одлуки, – изјави Солскјер на денешниот прес во пресрет на мечот со Астон Вила кој се игра утре на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни