Поврзете се со нас

Шпанија

Скратена листа: Меѓу три имиња ќе се бара наследникот на Чави во Барселона

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона има доста важни битки до крајот на сезоната како во Примера така и во Лигата на шампионите, меѓутоа без разлика на тоа управата на клубот мора да размислува и реши многу важно прашање, а тоа е тренерската позиција, местото кое ќе остане празно со завршување на натпреварувачката 2023/2024.

Чави Ернандес најави заминување од „Камп Ноу“ што секако беше удар за Жоан Лапорта, Деко и останатите луѓе кои носат важни одлуки во клубот, па останува отворено кој ќе седне на жешкото столче.

Во Барса уште се надеваат дека Чави ќе се предомисли и ќе остане, поточно веруваат дека тоа може да се случи ако екипата триумфира во шампионатот и во ЛШ што навистина ќе биде навистина тешко. Меѓутоа има и други опции, па според „Мундо Депортиво“ на скратената листа се наоѓаат тројца стратези од кои ќе се бира наследникот на Ернандес.

Тука е Луис Енрике кој во моментов го води Пари Сен Жермен, човек кој многу добро ја познава средината, клубот, ама како Барса би го добила во овој момент е навистина тешко да се каже затоа што тој е врзан со „светците“ до 30 јуни 2025 година.

Потоа тука е Ханси Флик кој е застапуван од супер агентот Пини Захави со кого шпанскиот великан има извонреден однос и на крајот Рафа Маркез кој го води вториот тим на Барселона во моментов и има навистина одлични резултати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни