Поврзете се со нас

Европски првенства

Скандинавско финале на ЕП: Норвешка ја преслуша Франција во второто полувреме

Објавено

на

Foto:twitter.com/EHFEURO

Големите ракометни фанови ќе гледаат скандинавско финале на Европското првенство во женска конкуренција, бидејќи по триумфот на Данска, во уште поуверливо светло се покажаа Норвежанките.

Селекцијата на Норвешка уште еднаш демонстрираше зошто е актуелен европски и светски првак, бидејќи направи моќната Франција да изгледа како просечен тим во вечерашното полуфинале кое се одигра во Љубљана, особено во второто полувреме.

Првото беше доста изедначено и Норвешка имаше позитива од само еден гол (12:11), но потоа наметна брутално темпо кое не можеа да го пратат Французинките.

Норвешка брзо се одлепи и зачекори кон ново финале на големите натпреварувања, па со триумфот од 28:20 си обезбеди скандинавски дуел со Данска на завршниот меч на Европското првенство.

Големото финале се игра оваа недела, а претходно во битката за третото место силите ќе ги одмерат поразените од денешните натпревари, селекциите на Црна Гора и Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни