Поврзете се со нас

Англија

„Скај Спортс“ со ексклузива околу можното доаѓање на Меси на Островот

Објавено

на

Лионел Меси по крајот на оваа сезона ќе си оди од редовите на Барселона, за прв пат во неговата играчка кариера.

Медиумите го споменуваат тимот на Манчестер Сити како фаворит за неговиот потпис каде Меси повторно би играл под водство на Пеп Гвардиола под кого блескаше во дресот на „каталонците“.

Сепак, според најавите од „Скај Спортс“ Манчестер Сити се уште не влегол во преговори со Меси за евентуален негов ангажман иако договорот на Аргентинецот со Барселона завршува за четири месеци.

Оваа информација за англискиот медиум ја потврдил еден од вработените во секторот за јавно информирање од Манчестер Сити кој посочил дека со Меси нема контакти ни сега, а немало ни во летниот преоден рок кога Меси побара заминување од Барселона.

Освен Манчестер Сити, сериозно заинтересиран за Лионел Меси е тимот на ПСЖ кој е под водство на Маурисио Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни