Поврзете се со нас

Англија

Сите го отпишаа, а тој потпиша нов договор со „фенерџијата“ во Премиер лигата

Објавено

на

Поранешниот европски шампион, Нотингем Форест по долга пауза одново игра во Премиер лигата, но ако се суди по досегашните настапи и резултати експресно може да се врати во понизок ранг.

Популарните „шумари“ во осум кола освоија само 4 бода и многумина веќе го видео менаџерот Стив Кларк на излезни врати, поточно како добива отказ. Веќе споменуваа имиња како негови наследници меѓу кои и беше и она на Рафаел Бенитез, но по се изгледа управата има голема доверба во Купер и најдобар доказ за тоа е што потпиша нов договор до 2025 година.

Тој од минатиот септември е на оваа функција каде успеа да обезбеди 29 победи на 54 натпревари, го врати клубот во ПЛ за првпат по 1998 година и управа дефинитивно верува дека може да ја сврти ситуацијата и донесе подобро резултати во наредниов период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни