НБА
Синовите на Пипен и О’Нил ќе го носат дресот на Лејкерс

Шекил О’Нил и Скоти Пипен се две големи кошаркарски имиња, асови кои оставија длабока трага во НБА лигата со извонредни партии и титули во клубовите во кои настапија.
Сега тие се во пензија, па нивните наследници ќе се обидат да остават печат и да се изборат на свое место. Имено Шариф О’Нил и Скоти Пипен Џуниор не беа избрани на последниот драфт, но ќе добијат шанса да се покажат во Лос Анџелес Лејкерс.
Клубот од Калифорнија ќе им даде прилика, па така Скоти Пипен Џуниор добил двонасочен договор што значи дека преку филијалата на „езерџиите“ ќе може да дојде и до првата екипа, односно најмалку ќе игра во развојната Џи-лига.
Кога е во прашање Шариф тој ќе добие прилика во Летната лига, односно тука со добри изданија може да избори место, договор во Лејкерс, но и во некоја друга екипа, клуб која би била заинтересирана да го ангажира.
-
Пливањепред 22 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 23 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Репрезентацијапред 14 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 21 час
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал