Поврзете се со нас

Светски првенства

Шведска и со изменет состав пресилна за подмладената Македонија

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација немаше вистински подоготовки за мундијалот во Египет и тоа најдобро се виде на првиот натпревар на Светското првенство, каде нашите избраници успеаја одлично да парираат во првите 20 минути, по што следеше страшен пад од кој едноставно никако не се опоравивме.

Селекцијата на Шведска има доста изменет состав поради проблеми со коронавирусот, но и со таков распоред на силите, се покажа дека има далеку подобра ротација од онаа со која располага Данило Брестовац, па на крајот скандинавците забележаа исклучително висока победа изразена со 12 голови разлика.

Поточно, Македонија беше во егал ситуација до 15-та минута, на семафорот беше 9:9, имавме напад за прво водство, но откако не го искористивме истиот, Пешевски заработи исклучување и тука започна „помрачувањето“. Шведска направи серија со играч повеќе на теренот и на полувреме замина со предност од 16:11, а истата само продолжи да расте во вториот дел.

Вторите 30 минути, нашиот селектор ги искористи за да им даде шанса на сите играчи кои добро е да искусат едно големо натпреварување како што е мундијалот, но со такви сили, Швеѓаните на крајот славеа со преубедливи 32:20.

Швеѓанецот Ване со 11 погодоци ја наполни нашата мрежа и беше најдобар поединец на теренот во Каиро, а поддршка доби и од Персон кој имаше шест реализации, како и Паличка кој беше фантстичен на голот. Кај нас, капитенот Кире Лазаров заврши со пет гола, а Пешевски, Поповски, Стоилов и Танкоски забележаа по два.

Втор предизвик на мундијалот ни е селекцијата на Египет која е домаќин, натпревар кој го играме в сабота во 18:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни